Годишна изложба на ликовни уметници и ентузијасти од Струга

111

Дваесеттина уметници од Струга денеска ги изложија своите дела покрај кејот на реката Црн Дрим, на „15 Годишна изложба на ликовни уметници и ентузијасти“ што ја организира центарот за култура „Браќа Миладиновци“.

Целта на изложбата е презентација на творештвото на струшките уметници, која годинава поради пандемијата прв пат се организира на отворено.

Интересот кај стружани, според фотографот Кристина Затуроска, која беше и една од учесниците, бил голем.

Ова беше едно разведрување за љубителите на уметноста, но и за останатите посетители во ова време на пандемија. Дополнително внимание предизвика тоа што изложбата за прв пат се одржа на отворено, изјави Затуроска за МИА.

Посетителите имаа можност да видат фотографии, уметнички слики и скулптури на: Викторија Попоска, Милко Нестороски, Ангела Ѓонческа, Енкел Дика, Кристина Затуровска, Јована Затаракоска, Крунислав Гаговски, Гоце Цветков, Сергеј и Мила Миладинови, Драган Докоски, Никола Маркоски, Јана Лукешевиќ, Стефанија Бетоска, Таиса Чепуњоска, Таиса Санџакоска. Учествуваа и 20-тина дечиња од шест до 15 години од Школата за дизајн на Кристина Затуроска.

Извор:МИА