Далматинките Тереза и Северина колку постари, толку позгодни!

276

И двете се Далматинки, и двете пеат за морето, сонцето, плажите, љубовта, Медитеранот… и двете физички одлично изгледаат иако помеѓу нив има голема разлика во годините (Тереза има 80 години, а Северина 44).

Станува збор за две многу популарни пејачки на забавна, поп и шлагерска музика: Северина Којиќ и Тереза Кесовија. Севе како што ѝ е прекарот, родена е во Сплит, а Тере како што нејзе ѝ е прекарот, родена е во Дубровник. Морето и морскиот воздух си го направија своето, така што пејачките колку што се постари толку повеќе изгледаат поатрактивно. Како да се влезени во некоја нова младост. Знаат и интересно младешки да се облекуваат.

И двете често настапуваат и кај нас во Македонија. Северина многу почесто, сега кон крајот на август ќе ја слушаме во Струмица, а Тереза богами поодамна не била во Македонија со некој свој концерт (последен пат во Струга). Како и да е, популарноста не им опаѓа. Цело ова лето ангажирани се со настапи долж јадранскиот брег, Тереза и во Франција каде има своја верна публика, а потоа во септември ќе одат на мини одмор, кога е најубаво без гужви и туристи.

Темпераментната далматинска крв не им дава простор за мирување, најсреќни се кога пеат, да натпеат!   Д.М.