Годинава на глобално ниво ќе се наменат 1,7 милијарди долари за чиста енергија

26

Според новиот извештај на Меѓународната агенција за енергетика (IEA), глобалните инвестиции во енергетиката во 2023 година ќе бидат околу 2,8 милијарди долари, од кои 1,7 милијарди се очекува да бидат наменети за чиста енергија, што претставува зголемување во однос на претходните години.

Кога зборуваме за чиста енергија, мислиме на обновливите извори на енергија, електричните возила, нуклеарната енергија, потоа горивата со ниски емисии, топлинските пумпи и други.

– Споредено со 2021 година, се очекува зголемување на инвестициите во чиста енергија за 24 проценти. Меѓутоа, за да се избегнат нови поделби во глобалната енергија, имајќи предвид дека 90 отсто од ова зголемување доаѓа од напредните економии, како што е Кина, неопходно е да се иницира посилна енергетска транзиција и во другите економии – се наведува на веб-страницата на IEA.

Зелената агенда, која ја спроведува Република Македонија, е важен двигател за земјата во контекст на енергетската криза во која се наоѓаме. Само во изминативе неколку месеци започна со работа најголемата фотоволтаична електрана досега во нашата земја – „Осломеј“, која произведува струја од домашни ресурси, од македонското сонце, а ги задоволува потребите на многу домаќинства.

Најзначаен македонски проект за енергетска транзиција, кој е во фаза на евалуација, е изградбата на пумпно складиште хидроцентрала „Чебрен“, Црна Река, во вредност од над 800 милиони евра.