Годинава и празничните џемпери во согласност со пандемијата- активираат аларм штом ви се доближи некој на помалку од 2 метри

47

Еден од изразите што ја одбележаа 2020 година е секако социјално растојание. Едвај да помина ден од крајот на март, а некој да не потсети дека треба да се одржува растојание, да се мијат рацете и да се носат маски.

Решението кое речиси сите компании кои ја имаат таа можност за одржување растојание применија работа од дома, а дури се појави и некои решенија и системи засновани на сензори во уредите кои известуваат и предупредуваат вработените кога некој им се приближува на оддалеченост од два метри.

Во период на празниците и покрај бројните предупредувања јасно е дека семејствата сепак се собираат, американската компанија „СимплСејв, позната по решенија за сигурност на домови, осмисли и празничен џемпер за социјално дистанцирање.

Прототипот кој го прикажале во видео е опремен со ЛЕД светилки и малки звучници и термални камери. Кога некој се доближува до личноста која го носи џемперот на оддалеленост помала од два метри, се вклучуваат лампичките и се огласува алармот. Термалните камери сместени на џемперот ја следат температурата во околината, а кога алгоритамот ќе препознае топлина на тело на помалку од два метри, се активираат светлосните и звучните сигнали.

Џемперот е замислен како „креативен пр“, нагласуваат од Цнет, а компанијата им поделила такви празнични џемпери на одреден број луѓе, а иако тие не се опремени со технологија за одржување социјално растојание, во пакетот содржат упатства за сите кои сакаат да го надоградат џемперот и да го опремат со технологијата прикажана во видеото.

Во согласнот со познатите американски обичаи, во упатства се внимателно наведени правните напомени во кои стои дека џемперот, штоќ е опремен со својата технологија, не гарантира заштита д вирусот и „не е сериозен уред за превенција од Ковид-19“.

Извор:www.fromthetrenchesworldreport.com