Глутниците бездомни кучиња сè почесто напаѓаат

78

Сè повеќе во Тетово се забележуваат глутници на бездомни кучиња кои напаѓаат луѓе по улиците на градот, алармираат тетовци. Приказ за состојбата испрати жител на градот кој снимил видео од дваесетина кучиња кај објектите на полицијата, Архивот и старото медицинско училиште.

При крајот на видеото се гледа како и неколку кучиња бркаат младо момче, кое за среќа успева да побегне. Граѓанинот, исто така, со својот чадор се обидува да се одбрани од кучињата при обид за напад.

– Страшно е да се движиш по улиците на Тетово особено рано наутро и доцна навечер кога нема многу луѓе по улиците. Тогаш бездомните кучиња напаѓаат –  велат соговорниците.

Справувањето со бездомните кучиња е долгогодишен проблем за општината. Проблемот периодично се решава со ангажирање на ветеринарска станица на тендер за да ги третира бездомните животни. Годинава такви операции имаше во период од помалку од два месеца од мај до крајот на јули.