Глувата и слепа американска пливачка, Бека Мејерс (26), е принудена да се повлече од настапот на Параолимписките игри во Токио откако мора сама да патува во Јапонија. Мејерс страда од Ашеров синдром или слепило, а освои три златни медали на ПОИ во Рио де Жанеиро.

Таа одби да настапи во Токио откако и беше забрането правото да замине во Јапонија со личен асистент, што и беше потребно заради нејзината состојба. Ашеровиот синдром (САД) е најчестото генетско нарушување кое влијае на видот и слухот. Вклучено е во класификацијата на глувост, бидејќи вклучува истовремено сензорно оштетување и на слухот и на видот.

  • Би сакала да настапам во Токио, пливањето ми даде идентитет како личност. Отсекогаш сум била пливачката Бека. Ова беше тешка одлука, но морав да протестирам затоа што оваа ситуација повеќе не може да трае, изјави Американката за „Вашингтон пост“.

Мајка и на Бека, Марија Мејерс, додаде колку всушност и значи пливањето во животот на својата ќерка.

  • Би го дала целиот свој живот за пливањето. Тоа е неприфатливо. Страшно е. Беше преплашена затоа што ја замолија да патува сама, додаде мајка и Марија.

И покрај обвинувањата на семејството, Американскиот параолимписки комитет (УСОПЦ) тврди дека јапонските власти дозволуваат пристигнување само на основниот „оперативен персонал“.

Параолимписките игри во Токио се закажани од 24 август до 5 септември.