Глобалната пандемија ја промени архитектурата и дизајнот

164

Додека луѓето се приспособуваат на животот дома за време на пандемијата, излезе дека функционалноста, едноставноста и чистотата на просторот е најважното за секојдневниот живот и работата од дома. Пандемијата нè принуди да размислиме за начинот на кој живееме и начинот на кој во иднина ќе градиме куќи и станови. Нови идеи и решенија се појавија во архитектурата и дизајнот на просторот за живеење. Бидејќи луѓето се затворени во нивните домови повеќе од кога било, фокусот се префрли на начини на кои просторот за живеење и работа може да се грижи за ново непланирано и непредвидено време.

Многумина веруваат дека новите архитектонски и дизајнерски решенија и идеи создадени за време на пандемијата ќе продолжат и натаму и дека луѓето ќе започнат со изградба на различни домови, пишува architizer.com. Бидејќи домовите поради пандемијата почнаа да играат поголема улогa во нашите секојдневни животи, тие ќе мора повеќе да се приспособуваат на секојдневните човечки активности, во однос на пристапност, флексибилност и удобност. Врз основа на тековните архитектонски и дизајнерски трендови и концепти кои се појавија за време на пандемијатa, нaправен е список на начини како домот ќе се промени и по пандемијата и глобалната криза.

Потребно е прилагодливо и функционално опкружување, велат архитектите. Домовите ќе треба да се прилагодат за поголема услуга, активности и функции. Просториите треба да се приспособливи за голем број специфични активности, како што се читање, спиење, одмор, работа од дома, физичка активност и забава. За ова се потребни нови архитектонски и дизајн решенија во однос на флексибилноста и прилагодувањето. Дизајнерите низ светот веќе започнаа да истражуваат различни можности. Една од австралиските архитектонски фирми, Вудс Багот користи систем на прилагодливи sидови, панели, за да се  преобрази домот за различни цели и функции.

Додека луѓето се приспособуваат на животот дома за време на пандемијата, излезе дека функционалноста, едноставноста и чистотата на просторот е најважното за секојдневниот живот и работата од дома. Пандемијата нè принуди да размислиме за начинот на кој живееме и начинот на кој во иднина ќе градиме куќи и станови. Нови идеи и решенија се појавија во архитектурата и дизајнот на просторот за живеење. Бидејќи луѓето се затворени во нивните домови повеќе од кога било, фокусот се префрли на начини на кои просторот за живеење и работа може да се грижи за ново непланирано и непредвидено време.

Многумина веруваат дека новите архитектонски и дизајнерски решенија и идеи создадени за време на пандемијата ќе продолжат и натаму и дека луѓето ќе започнат со изградба на различни домови, пишува architizer.com. Бидејќи домовите поради пандемијата почнаа да играат поголема улогa во нашите секојдневни животи, тие ќе мора повеќе да се приспособуваат на секојдневните човечки активности, во однос на пристапност, флексибилност и удобност. Врз основа на тековните архитектонски и дизајнерски трендови и концепти кои се појавија за време на пандемијатa, нaправен е список на начини како домот ќе се промени и по пандемијата и глобалната криза.

Потребно е прилагодливо и функционално опкружување, велат архитектите. Домовите ќе треба да се прилагодат за поголема услуга, активности и функции. Просториите треба да се приспособливи за голем број специфични активности, како што се читање, спиење, одмор, работа од дома, физичка активност и забава. За ова се потребни нови архитектонски и дизајн решенија во однос на флексибилноста и прилагодувањето. Дизајнерите низ светот веќе започнаа да истражуваат различни можности. Една од австралиските архитектонски фирми, Вудс Багот користи систем на прилагодливи sидови, панели, за да се  преобрази домот за различни цели и функции. Евидентно е дека се зголеми потребата од приватен простор на отворено. Од почетокот на пандемијата, се чини дека нашата желба за отворен простор, природа, тераса, зеленило, двор, значително се зголеми. Се зголеми и побарувачката за архитекти и дизајнери кои имаат добри решенија за приватни простори на отворено, значително се зголеми. Архитектите најдобро ќе ги интегрираат просторите на отворено во домовите, експериментирајќи градини на покрив, микро дворови и балкони. Луѓето исто така може да бараат поблиска врска помеѓу нивните простори за живеење и природниот свет, со стаклените врати, прозорци и панели што се преклопуваат, кои ги поврзуваат овие две зони заедно. Бидејќи повеќе луѓе останаа дома се зголеми важноста на кујните и подготовката на храната во домовите, како и складирањето на храна.

Според архитектите, чајната кујна ќе стане многу повеќе од потребна бидејќи луѓето сè поретко сакаат да одат по продавници и пазари. Паметниот дизајн на кујната сега е во фокусот. Особено нешто што не бара употреба на раце, тоа значи поголема технологија, која се активира со глас и која контролира работи како светла, славини и уреди. Се зголеми побарувачката на понапредни климатизери и системи за прочистување на воздухот. Квалитетот на воздухот е клучен. Луѓето почнаа да посветуваат повеќе внимание на квалитетот на воздухот во нивните домови. Затоа, можеме да забележиме зголемување на побарувачката на подобри системи за прочистување на воздухот. (Л.Г.Д.)