Гласањето во општините од Југоистокот почна навреме меѓутоа со технички проблеми

46

 Гласачкиот процес на локалните избори во општините Гевгелија, Богданци, Дојран и Валандово почна утрово на време на сите избирачки места,меѓутоа со проблеми со биометричките апарати кои моментно целосно се решени само во Дојран.

Во општина Гевгелија,како што рече претседателот на ОИК, Митко Ризов, биометричките апарати создаваат проблеми на повеќето од избирачките места поради што процесот се одвива забавено.Техничките лица биле на терен и се очекува проблемот да биде надминат.Инаку вчера од пријавените 160,глаале 156 стари, изнемоштени и болни лица,двајца ковид болни граѓани и 37 од пријавените 44 затвореници.

Проблеми на две од 12 гласачки места во Богданци исто така има со биометричките апарати.Од ОИК информираа дека вчера од пријавени 79 гласале 70 болни и изнемоштени лица и тројца заболени лица од ковид.

Без пречки гласачкиот процес се одвива на осумте избирачки места во Дојран каде до овој момент се функционира како што треба. Вчера својот глас го дале 35 стари и болни лица.

Во Валандово исто така се надминуваат проблеми со апаратите за отчитување на неколку од 24 гласачки места. Во своите домови вчера гласале 62 од пријавени 66 стари и болни лица како и тројца пријавени гласачи заразени од Ковид-19.