Познатата австралиска боксерка, Ебани Бриџис, се пошегува на своја сметка. Популарната „сина бомбардерка“ овој пат ги коментираше своите големи гради.

Боксерката која има ефект од седум победи и само еден пораз во рингот привлекува големо внимание во јавноста поради атрактивниот изглед.

Нејзините бујни гради никого не оставаат рамнодушен и често се во центарот на вниманието, а сега и самата се пошегува на Твитер, па порача дека за зголемувањето на градите виновна е вакцината против коронавирус – „Фајзер“.

  • Проклет „Фајзер“, напиша Бриџис во описот на фотографијата што ја објави на Твитер, а во прв план беа нејзините гради.

Австралијката е голем фан на англискиот фудбалски клуб Лидс Јунајтед, па минатата година често пати можеше да се забележи на трибините на „Еланд Роуд“.

Инаку, што се однесува до нејзината кариера, единствениот пораз го претрпе во април минатата година, а по ќотекот што го доби ниту сопствената мајка не можеше да ја препознае…