Ги респектираме Романците, но веќе покажавме дека можеме против силни противници

63

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски изрази оптимизам за успешен старт во мундијалските квалификации на денешниот натпревар против Романија во Букурешт.

  • Ја респектираме романската селекција, имаат одлични фудбалери, но ние потврдивме и во Лига на нации и во претходните квалификации дека можеме да се носиме со силни противници и не гледам причина да не биде така, изјави Ангеловски на официјалната прес-конференција.

Тој истакна дека македонскиот состав се соочува со одредени проблеми со повредени и фудбалери кои недостасуваат, но оти најважно е репрезентативците да функционираат како тим.

  • Доаѓаме во една пријателска земја, носиме и емоции затоа што Букурешт ќе биде наш дом и на Европското првенство и верувам дека тоа ќе ни биде добар мотив за квалитетен натпревар. Со Романија ќе бидеме противници на терен, но Букурешт како наш дом за Европското првенство посакувам да ни ја даде сета поддршка во јуни. Сега сме фокусирани на утрешниот дуел и желбата позитивно да ги стартуваме новите квалификации, додаде Ангеловски.