Минатата сезона во НБА лигата најголем хит меѓу играчите беше носењето на лента околу главата со кој кошаркарите изгледаа како нинџи, а тоа ќе биде минато со почетокот на новата сезона.

Имено, челниците на НБА нема да дозволуваат такви ленти, бидејќи истата ја загрозува сигурноста на кошаркарот во текот на натпреварот. Бројни играчи како Џими Батлер, Холидеј, Харел, Таунс ќе мора да заборават на овој дополнителен дел од опремата.

  • Играчите започнаа да ја носат лентата во текот на минатата сезона, па не сакавме да го забраниме тоа во средина на сезоната. Клубовите изразија загриженост околу лентата што се однесува на сигурноста. Сето тоа треба да го земеме во обзир пред да се случи нешто несакано, изјави портпаролот на НБА лига, Мајк Бас.