Еден од најзаслужните ракометари што Данска го освои златниот медал на Светското првенство во Египет, во јануари годинава, Матијас Гидсел, го продолжи договорт со тимот ГОГ до летото во 2024 година.

Момчето кое се покажа како еден од најперспективните и најдобри десни бекови на денешницата, одлучи да остане во редовите на данскиот вицешампион и покрај бројните понуди на големите европски тимови, а меѓу најзагреаните за неговит потпис беше Фленсбург.

Маријас (22) иако е роден во Скјерн од почетокот на кариерата игра за тимот од Гудме. За националниот тим дебитираше пред Светското првенство и на 11 одиграни натпревари има постигнато 46. голови.