Гигс и удрил глава на девојката и ја исфрлил гола од хотелската соба

384

Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Рајан Гигс, најпосле се соочи со сериозните обвинувања пред судот во Манчестер. Легендарниот репрезентативец на Велс беше обвинет на 1. ноември 2020 година дека ја претепал тогаш својата девојка, Кејт Гревис, како и нејзината помлада сестра Ема, и тоа во својата куќа во Ворсли.

Освен тоа, 48-годишниот Гигс се соочува и со обвинение за „контролирање и прсилно однесување“ против својата поранешна девојка во периодот од август 2017 до ноември 2020 година.

Сите овие детали беа откриени за време на судскиот процес. Сосема очекувано, поранешниот фудбалер на „црвените ѓаволи“ ги негираше сите обвиненија, а во средата беше емитуван емотивниот исказ на Кејт Гервис. Видеото траеше 105 минути, а е направено во 2020 година, неколку часа подоцна откако Гигс беше уапсен поради физички напад на својата девојка.

Кејт откри дека двајцата имале афера, дека се заљубиле, но потоа почнале навредите. Често пати ја нарекувал ку*ва и ја обвинувал дека спиела со други мажи. Гигс најбурно реагирал кога Кејт му зборела дека го изневерува.

Исто така, поранешната девојка на Велшанецот откри дека била исфрлена гола од хотелската соба откако го обвинила дека испратил порака на некоја друга жена. Двајцата за започнале љубовната врска после несреќните бракови, а Кејт го напуштила својот сопруг затоа што се заљубила во својата „сродна душа“ и „најдобар пријател“. Потоа почнале проблемите, а Рајан често пати ја нарекувал со погрди имиња и ја обвинувал дека се „еб*ла со други мажи“.

Кејт откри дека Гигс ја има натерано да се чувствува „параноично“ и „како психопат“ додека се расправал со неа поради неговите афери, иако во еден момент поранешниот фудбалер имал уште две девојки со кои се гледал зад нејзиниот грб. Гигс исто така ја критикувал и кога го местела креветот и кога ја користела машината за перење садови.

За време на судењето Кејт се присети и на немилите сцени кои се случија во хотелот во Абу Даби: „Го прашав: „Дали испраќаш порака на другата девојка?“. Бев гола кога ме исфрли од хотелската соба, а потоа ми се внесе во лице и ми кажа: „Тоа е мојата ќерка. Готово, завршивме јас и ти“. Потоа ме фати за зглобот, многу силно. Буквално ме влечеше по подот. Ги фрли сите мои работи, целата козметика беше во ходникот. Ја затвори вратата од собата и не ми дозволи да влезам, откри Кејт.

Гигс беше уапсен на 1. ноември 2020 година откако физички ја нападнал Кејт и нејзината помала сестра Ема.

  • На крајот, после неколку турбулентни години, Кејт сфати дека мора да се одалечи од неговото влијание. Расправијата дојде до точна на вриење. Рајан се обидел да го зграпчи нејзиниот телефон. Кејт заврши на подот со модринка на раката. Кога двајцата биле на подот, се вмешала нејзината сестра Ема, која се обидела да го спречи насилното однесување. Гигс тогаш намерно ја удрил Ема со лакт во лицето. Тој тогаш целосно загубил контрола и намерно со глава ја удрил Кејт, откри обвинителот Питер Рајт.