Гибаница, пита во слоеви, – најдобрата што сте ја пробале, а најлесно се прави

991
Гибаницата е вид на пита, која се прави со готови кори и фил од сирење и јајца. Со генерации е едно од омилените јадења кај народите на Балканот. За нејзината подготовка не ви треба многу време, а крајниот резултат е фантастичен.Ова е еден од најдобрите рецепти за оваа пита во слоеви, а притоа и едноставен за правење.

Потребни состојки:

  • 500 гр готови кори за гибаница
  • 500 гр ситно сирење
  • 3 до 5 јајца
  • 1 шоља јогурт
  • една шоља кисела вода, а може и обична со две лажички прашок за пециво
  • пола шоља масло за јадење
  • една лажичка сол

Подготовка:

  • Загрејте ја рерната на 200 степени Целзиусови и подгответе ја тавата со хартија за печење
  • Изматете ги јајцата, па додајте јогурт, вода, масло и сол и измешајте да добиете еднолична смеса.
  • Една кора раширете ја на работната маса и попрскајте ја рамномерно со сирење. Така редете се додека не го потрошите сирењето
  • Сето тоа завиткајте го во ролат и исчете од него десет делови. Редете ги во тава со на широката страна. Ако тавата е мала можете да ги ставите во два реда.
  • На крајот прелијте ги сите ролати рамномерно со смесата со јајца и јогурт.
  • Печете околу 40 монути, или додека гибаницата не зарумени.

За поостар вкус во смесата која ја сипавте врз ролатите можете да додадете малку кајмак.

Уживајте. Пријатен вкус!