Геце за 0 евра

148

Италијанскиот калчо гигант Интер важи за прв фаворит кога е во прашање потписот на искусниот играч за врска од редовите на германскиот бундеслигаш Борусија од Дортмунд, Марио Геце.

Повремениот репрезентативец на Германија на крајот од актуелната сезона ќе има статус на слободен игра, а според германските медиуми Борусија не планира да му понуди продолжување на соработката. Доколку се пресели на „Џузепе Меаца“, Геце ќе си обезбеди 3-годишен договор вреден 9 мил. евра.