Германскиот биндеслигаш Рајн Некар Левен, потврди дека капитенот Уве Гансхајмер ќе мора да оди операција. Германскиот репрезентативец подолг период има проблеми со коленото, па ќе пропушти еден дел од завршницата на сезоната.

Генсхајмер ќе го пропушти четвртфиналето во Европската лига против Чеховски Медведи. За репрезентацијата нема да биде на располагање на селекторот Алфред Гисласон за квалификациските дуели против Босна и Херцеговина и Естонија.

Левото крило се очекува по операцијата да заздрави за 4-5 недели. Генсхајмер се врати во РНЛ пред две години, откако претходно три сезони одигра во дресот на Пари Сен Жермен.