Германците штедат струја – Нирнберг нема да игра под рефлектори 

35

Германскиот фудбалски второлигаш Нирнберг нема да игра натпревари во вечерен термин, откако Градскиот совет во услови на енергетска криза одлучи да и го ограничи на екипата користењето на рефлекторите на стадионот „Макс Морлок“. 

Руската инвазија врз Украина, која почна на 24 февруари, доведе до раст на цената на електричната енергија во целиот свет, а Германија како голем зависник од руските енергенси настојува да ја намали потрошувачката на гас и струја со наближување на зимата. 

Зимава би можело да има недостиг од гас и струја. Поради тоа Градскиот совет повторно расправаше околу тоа каде можеме да штедиме енергија, соопштија градските власти во Нирнберг, дадавјќи дека е донесена одлука за ограничување на користењето рефлектори и подземното греење на стадионот „Макс Морлок“. 

Греењето на стадионот ќе остане исклучено по договорот со Фудбалската федерација на Германија, а го ограничуваме користењето рефлектори до максимум девет часот навечер, се додава во соопштението. 

Одлуката на Градскиот совет значи дека поранешниот бундеслигаш нема да може да организира вечерни натпревари кои почнуваат во 20:30 часот.