Германските натпреварувачи предводени од Франческо Фридрих освоија злато во боб-санкање со четири седишта на Зимските олимписки игри во Пекинг. Германија славеше со време од 3:54.30 минути. Покрај Фридрих настапија и Торстен Маргис, Канди Бауер и Александар Шулер.

Фридрих го освои второто злато во Пекинг, откако беше најдобар во двосед, а четврто олимписко злато во кариерата. Сребрениот медал го освои германската екипа предводена од Јоханес Лохнер со 0,37 секунди заостанување, додека бронзата и припадна на Канада предводена од Џастин Крисп, кои задоцнија 0,79 секунди.