Германско село протестираше со музиката на Бетовен

65

Околу 50 музичари од едно германско село со музика од Лудвиг ван
Бетовен на отворено го изразија своето несогласување околу заканата од уривање куќи во месноста.

Најавите за уривање се со цел да се отвори рудник за кафеав јаглен.

Поради ограничувањата околу Ковид-19, публиката ги следеше свирачите на растојание, и со маски.

Музичкиот протест се спроведе на полјанките и дворовите во селото.