Германските резерви на гас пополнети 70 отсто и покрај намалените испораки од Русија

23

Германските капацитети за складирање природен гас се наближуваат до целта на Берлин – да бидат пополнети со 75 отсто и покрај намалените испораки од Русија, јави ДПА.

Германските резерви на гас до пред два дена беа полни 70,4 проценти, покажаа податоците објавени денеска од Gas Infrastructure Europe.

Новиот закон во Германија предвидува складиштата да мора да бидат најмалку три четвртини полни до 1 септември.

Поради тензии околу руската војна против Украина и како резултат на санкциите од Западот, Москва ја намали испораката на фосилното гориво природен гас за повеќе европски држави, вклучувајќи ј а и Германија.

Гасоводот Северен тек 1 што ја обезбедува Германија преку Балтичкото Море работи само со капацитет од 20 отсто од минатата недела.