Германските амбасадори од регионот во посета на „Дрекслмајер“ Кавадарци

29

Германските амбасадори од регионот беа во посета на  фабриката „Дрекслмајер“ Кавадарци, соопштија од германската фабрика.

-Дипломатите беа дочекани од менаџментот на „Дрекслмајер“ и заедно направија обиколка низ производствените капацитети. Се работи за амбасадорите на Сојузна Република Германија во земјите од регионот предводени од Анке Холштајн, амбасадор на Германија во земјава, како дел од агендата во рамки на регионалната конференција,чиј домаќин беше Германската амбасада, информира во соопштение компанијата.

Преку  презентација, им биле прикажани најважните моменти од основањето на компанијата како и идните стратешки проекти.

За време на обиколката низ фабриката, гостите биле придружувани од  генералниот менаџер Лукас Мирингер и добиле целосна слика за целокупниот синџир за производство на производи наменети за премиум сегментот во автомобилската индустрија.

Гостите се запознале со бројните проекти во рамки на делот за општествена одговорност. Дипломатите ја посетиле  и специјализираната училница за практична настава во рамки на моделот на дуално образование според германски стандарди.