Германска преведувачка се расплакала додека го преведувала говорот на Зеленски/ВИДЕО

5305

Во текот на говорот на украинскиот претседател Володимир Зеленски на германската телевизија, преведувачката на германски не можела да ги задржи солзите. Гласот и треперел, а како што течел говорот, таа со се потажен глас го преведувала тоа што го зборувал Зеленски.

Откако украинскиот претседтаел изговорил дека „Русија е на патот на злото и дека Русија мора да го загуби својот глас во Обединетите нации“ како и дека „Украина многу добро знае што брани“, завршувајќи со „Слава на Украина“, преведувачката застанала, а по кратката тишина, расплакана им се извинила на гледачите.


Слична ситуација се случи и пред два дена на Би-би-си.

Нивната новинарка Олга Малчевска, која по потекло е од Украина, се разбудила во Лондон во три часот наутро и дознала дека зградата во Киев во која живее нејзиното семејство била бомбардирана во текот на ноќта. Се обидувала да стапи во контакт со својата мајка и добила порака од неа во текот на емисијата на Би-би-си.

„Мајка ми се скрила во подрум кај роднини…за среќа не била во зградата кога е погодена…Не можам да верувам на сликите што ги гледам, тоа е зградата во која живеев“, вели Малчевска.