Германија ја интензивира борбата против затајувачите на данок

42

Германскиот министер за финансии наложил купување на податоци за Германците со финансиски средства во Дубаи, Обединетите Арапски Емирати, како дел од напорите за борба против затајувањето данок, по сличните набавки од регионалните власти на податоци од Швајцарија во изминатата деценија.

Министерството за финансии соопшти дека податоците денеска биле испратени до регионалните финансиски власти за да ги испитаат и да одлучат дали ќе започнат постапки против можни прекршители, пренесува Ал Џезира.

Германската влада купила од неименува извор фискални податоци на милиони луѓе со средства во Дубаи, што ќе ги анализира за да открие можно затајување данок. Податоците Берлин ги доби во февруари од анонимен информатор. Тие содржат информации за милиони даночни обврзници ширум светот и неколку илјади Германци со средства во Дубаи.

Даночните власти сакаат да откријат од овие податоци присуство на непријавен приход и непознат за властите посед на луѓе кои сакаат да избегнуваат данок во нивната земја.

Податоците за странските даночни обврзници ќе бидат доставени до засегнатите страни, рече директорот на Федералната централна даночна служба, Марен Колруст-Шулц.

Дубаи, како и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) како целина, светските богаташи го ценат особено поради особено ниското оданочување на имотот и компаниите.