Германија: Шефот на Интерпол мора да го почитува владеењето на правото

83

Соопштението од германското Министерство за надворешни работи доаѓа по наводите на организациите за човекови права дека новоизбраниот претседател на Интерпол бил вмешан во тортура и самоволни апсења во Обединетите Арапски Емирати, од каде што потекнува.

Ал Раиси, главен инспектор на Министерството за внатрешни работи на ОАЕ, беше избран за четиригодишен мандат во четвртокот.

„Го примивме на знаење изборот на Ахмед Насер ал Раиси за нов претседател на Интерпол“, изјави портпаролката на германското Министерство за надворешни работи.

Таа одби да каже дали Германија ја поддржува Чехињата Шарка Хавранкова, која беше единствена против кандидатот Ал Раиси.

„Од сите претставници на Интерпол се бара да се придржуваат до основните вредности на организацијата, како што се принципите на неутралност и владеење на правото“, рече портпаролката, истакнувајќи дека „принципите се наведени во уставот на Интерпол“.

Таа ја минимизираше улогата на Ал-Раиси во организацијата, велејќи дека тој, како претседател, и претседател на извршниот комитет, генерално ќе има протоколарна улога. Портпаролката потсети дека германскиот функционер Јирген Шток, кој до 2024 година ќе биде генерален секретар на Меѓународната полициска агенција, ќе остане во оперативното раководство на Интерпол.