Германија со речиси двојно повеќе извоз на оружје во однос на минатата година

48

Германскиот извоз на воена опрема годинава силно порасна, поттикнат од испораките на оружје во Украина, соопшти денеска Министерството за економија.

За шест месеци до 24 август, вредноста на одобрениот извоз воена опрема изнесуваше нешто помалку од 5,1 милијарди евра. Истиот период лани изнесуваше околу 2,9 милијарди евра, информира Министерството.

Оттаму појаснуваат дека извозот силно пораснал затоа што Берлин испорачува оружје за Украина со цел да ѝ помогне во одбрана од руски напади.

Канцеларот Олаф Шолц во понеделникот вети дека Германија ќе продолжи да ѝ помага на Украина, „додека тоа е потребно“.