Германија очајно бара работници – недостига работна сила во 148 занимања!

3517

Недостатокот на работна сила е се поголем проблем во Германија, без разлика дали се работи за индустријата, болниците или за занаетчиските работи. Доаѓањето на работници од странство не функционира како што било замислено. Сега би требало да се реформира Законот за миграција, пишува Дојче веле.

Сопствениците на ресторани често се принудени да им откажуваат на гостите затоа што имаат недостаток на кувари, помошници во кујна и конобари. Во цела Германија има недостаток на овој кадар. Но, работната сила не е проблем само во угостителството.

Возовисе укинуваат бидејќи нема доволно машиновозачи. На аеродромите нема кој да ги претовари куферите. Дури и многу градинки ги повлекуваат потврдите за прием на деца бидејќи немаат доволно негователки и воспитувачи.

Во анкетатат на германската индустриска и трговска комора која ги застапува интересите на над милион фирми од индустријата, трговијата и од услужните дејности, 56 отсто од фирмите се жалат на недостаток на работници и сметаат дека тоа е една од најголемите опасности во нивното работење.

Германската агенција за работа бележи недостаток на работна сила во 148 занимања, а уште 122 занимања се загрозени. Во просек поминуваат по осум месеци додека некој дом за стари лица не најде негуватели. Градежните фирми во просек чекаат по половина година за да најдат работници.

Низ цела Германија се распишани се над 1.7 милиони огласи за слободни работни места.

Пред пед до десет години пуштавме се огласувавме само во реклами за да ги продадеме нашите услуги. Денес плаќаме огласи во сите видови медиуми за да најдеме работници“ – се пожали Маркус Винтер, директор на фирмата ИДС во Баден-Вуртенберг која изјајмува работници од различни професии.

Фирмата има околу 750 вработени и потребен и е персонал во повеќе од 20 занимања, од бравари до возачи на комбиња за испорака на пијалоци.

Недостатокот на работна сила во Германија не е неочекувана и изненадна појава, истакнува орифесор Херберт Брикер од Институтот за пазар на трудот и истражување на занимања во Нинберг.

„Сега сме во релативно драматична ситуација која веќе одамна ја предвидовме. Сега само јасно се забележуваат демографските промени“ – вели професор Брикер.

Германија годишно губи околу 350.000 припадници на работоспособната генерација. Стручњаците како Брикер пресметале дека до 2035 година на пазарот на труд ќе има недостиг од околу седум милиони работници.

За да се пополни таа празнина потребно е во Германија да доаѓаат и да останат околу 400.000 доселеници годишно. Притоа се мисли на доселеници од змејите надвор од Европската унија.

Од 2012 стручњаците со академско образование може да доаѓаат во Германија благодарение на т.н. „сина ЕУ карта“. Во 2020 година на сила стапи Законот за доселување на стручна работна сила (FEG) со кој се опфатени само академски образувани имигранти. Но, тој не дејствува како што се очекувало.

Херберт Брикер зборува за „разочарување“ и потсетува дека во 2020 година во Германија дошле 30.000 работници од странство, но и дека истата година земјата ја напуштиле 20.000 работници.

Германската влада сега планира реформи во законот така што пазарот на труд ќе се отвори и за работниците кои ја немаат потребната диплома – ним треба да им се пружи можносѕ неа да ја добијат во фирмите што ќе ги прифатат.

Германија претходно иниститираше на „еднаква вредност“ на дипломите – но сега тоа е минато. Во иднина при вработувањето, фирмите ќе треба слодно да проценат дали некој им е потребен или не, а дипломата ќе биде во втор план.

Но, работите во пракса и понатаму се одвиваат со многу потешкотии. Адвокатката Бетина Офер која работи како советник за фирмите кои сакаат да вработат работници од странство, го потенцира фактот дека дури и со работна дозвола во џеб, и понатаму е тешко да се добие термин за добивање виза во германските претставништва и дека проверката трае со месеци.

„Властите постојано изразуваат сонение дека моите работодавачи се обидуваат неккао да ги прошверцуваат странските работници во Германија и не сакаат да сфатат дека работодавачите само бараат работна сила. Се уште треба да се бориме против таквиот став и ни треба промена на парадигмата. Секој работник што ќе ни дојде е добивка за нашата земја“ – истакнува Бетина Офер.