Поради растот на инциденцата, германската влада планира заострување на правилата за тестирање за сите патници. Во земјата не би можел да влезе никој кој не е вакциниран, има прележано Ковид-19 или покаже негативен тест, јавува Дојче веле.

Откако портпаролката на владата, Улрике Демер изјави дека се размислува околу воведување нови мерки доколку инциденцата продолжи да расте со сегашната брзина, сега и министерот за здравство Јенс Шпан најави заострување на правилата за влез во земјата за повратниците од годишен одмор и патниците.

Шпан планира сите кои не се целосно вакцинирани или прележале коронавирус, при влез во Германија да мора да покажат потврда за негативен тест за коронавирус. Засега правилото важи само за оние кои во Германија доаѓаат со авион, но во иднина тоа би се однесувало на сите, и оние кои стигнуваат по копнен пат, и тоа без оглед дали подрачјето каде престојувале или од каде доаѓаат се смета за ризично или не.

Шпан порано во повеќе наврати токму повратниците од одмор во југоисточна Европа ги обвини за ширење на заразата. Моментно ниедна земја од ова подрачје не се смета за ризична поради коронавирус.