Германија: Брегзит е разделување за Европа

39

Германија смета дека Брегзит претставува „разделување за Европа”, изјави денеска портпаролот на германската Влада, Штефен Зајберт.

– Нема сомнеж дека денешниот излез на Велика Британија од ЕУ претставува разделување за Европа, истакна Зајберт на прес-конференција.

Владиниот портпарол повторно го изрази жалењето на Германија поради Брегзит.

– Се надеваме дека Велика Британија и во иднина ќе остане наш близок партнер и пријател, нагласи Зајберт.

Според него, „ЕУ гарантира силен глас во еден свет кој постојано се менува, а ние сме одлучни да ја продолжиме успешната историја на Европа заедно со останатите 26 земји членки”.

Велика Британија денеска на полноќ ќе стане првата држава која ја напуштила Европската унија, ставајќи крај на своето 47-годишно членство.