Герилска акција во Бордо, избушени гуми на 220 возила

94

Во текот на викендов, на неколку десетици сопственици на теренски возила во Бордо им беа избушени гумите од страна на членовите на движењето „Бунт против изумирање“, јави дописникот на МИА.

Активистите кои ги избушија гумите на возилата оставија пораки, со кои го објаснуваат нивниот гест.

– Ние избушивме гума од вашето возило, не го сфаќајте тоа дека е против вас, туку против вашето теренско возило загадувач, пишува во пораката.

Продажбата на џипови и теренски возила во Франција се зголеми седум пати за 10 години, според активистите овие возила се „огромни загадувачи и опасност за градот“.