Герила акција – Скопјани се мрзнат како пингвини

101

Група пингвини денеска прошетаа низ Скопје. Се работи за скулптури на уметници во рамките на герила акцијата на Центарот за современа уметност насловена како „Метаморфози и еволуција – Скопјани и топлификација “која е посветена на проблемот со парното греење во Скопје.

Како што велат од Центарот за современи уметности, пингвини кои се шетаат низ Скопје всушност ги претставуваат скопјани кои во последно време се соочуваат со се поладни радијатори во своите домови, со што нивните домовите наместо станови заличуваат на поларни куќарки – игла.

– Со овааа акција исто така сакаме да ги предупредиме скопјани кои се затоплуваат со централно парно греење дека се поизвесно е дека од утре заради немањето гас на топлификација и заради кавгите на релација Град Скопје – Влада – БЕГ – Регулаторна комисија е можно парното во нивните домови на овие минусни температури да биде слабо или да го нема, а тие да се чуствуваат како пингвини – соопштија од Центарот за современи уметности.

Скулптурите пингвини ќе завршат во паркот на Франкофонијата и ќе служат како украс.

Акцијата е дел од урбаните уметнички акции на Центарот за современи Уметности и е финансиски поддржана од Фондацијата Отворено општество Македонија.

(А.П.)