Герасимовски: Комуникацијата со граѓаните е клучна за донесување конкретни решенија

26

Кандидатот за градоначалник на Центар од СДСМ и Коалицијата, Горан Герасимовски на денешната прес-конференција изјави дека со континуирана комуникација со граѓаните можат да се донесат конкретни решенија за предизвиците со коишто се соочува општина Центар.

– Оттука лично се залагам Општина Центар да биде отворена за секоја потреба на граѓаните. Мојот план е воведување на дигитален онлајн систем за директен контакт на градоначалникот и советниците со една цел, брза и ефикасна размена на информации за услуги, вели Герасимовски.

Тој додаде дека преку системот, граѓаните ќе имаат увид во процесот на реализација на нивните иницијативи, предлози или предлог решенија за проблемите. За процесот да биде комплетен, Герасимовски појасни ќе бидат ангажирани Општината и локалните сектори да им одговорат на граѓаните во рок од десет дена.

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар изјави дека со редовна комуникација ќе се создаде систем за брза реакција на проблемите во општината за долгорочно планирање и развој, при што ги повика граѓаните на конструктивни критики и пофалби, со цел Центар да стане општина каква што ја посакуваат.