Георгиевски: Продолжуваме со акцент на животната средина 

126

Овие две години од мандатот целосно ги посветивме во подобрување на инфраструктурата. Започнавме со решавање на децениските проблеми, градејќи водовод во Раштак и Булачани, канализациска мрежа во Јурумлери и Трубарево -истакна градоначалникот на Општина Гази Баба, Борис Георгиевски, презентирајќи го сработеното за неговиот двегодишен мандат.

Тој додаде дека новата населба Хиподром 2 доби целосно оспособена водоводна и канализациска мрежа, улично осветлување и пешачка патека.

– Подготвивме и проекти за изградба на канализациона мрежа во Смилковци, Црешево и Гоце Делчев. Нова пречистителна станица наскоро започнува да се гради во Трубарево. Изградивме и реконструиравме 67 улици во сите населени места. Со овие проекти во првите две години ја подобривме инфраструктурата -информираше Георгиевски, и додаде дека во следните две години главен акцент ќе се стави на животната средина.

– Си поставуваме за цел уредување на 15.000 м2 јавно зеленило, за што веќе обезбедивме 15 милиони денари за во 2020 година – нагласи Георгиевски.