Георгиевски: Ново училиште во Илинден и воведување на целодневна настава од наредната учебна година

320

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски извршија увид во изградбата на новото училиште тука во Илинден во склоп на училиште „Гоце Делчев“.

-Ќе направиме напори во наредната учебна година да воведеме целодневна настава и целодневен престој на нашите најмали дечиња, затоа што тоа е еден од најглавните приоритети на нашето население, нашите сограѓани, што ги ветивме во изборната кампања. Од наредната учебна година, тоа и ќе го овозможиме – истакна Георгиевски.

Исто така, од наредната учебна година во ова основно училиште ќе се направи и сензорна соба за дечињата со попреченост што е новитет кој што досега го немало во основните училишта во општина Илинден.