Георгиевски: Долгот на Општината намален за 20 милиони евра 

63

Градоначалникот, Константин Георгиевски, информираше дека долгот на Општина Охрид од 1,6 милијарди денари е намален на 380 милиони денари, што значи дека долгот се намалил за 20 милиони евра и сега изнесува 6 милиони евра.

-Поддршката што Охрид ја добива е огромна, го цениме тоа и повторно охриѓани ќе докажат дека сме на прав пат и на 12 април ќе завериме уште една победа во Охрид – порача Георгиевски.

Инаку, Охрид долги години важи за најзадолжена општина, чии долгови се трупаат години наназад.