Генералка на општина Сарај

132

ЈП „Комунална хигиена“ започна есенска акција за генерално чистење на општината Сарај. Во рамките на акцијата, триесетина работници вршат отстранување на дивите депонии, како и рачно и машинско метење и миење на главните и на споредните улици.

-„ЈП „Комунална хигиена“ продолжува да ги реализира есенските акции за генерално чистење на скопските општини што ги започнавме по повод Светскиот ден на чистењето. Ќе бидеме ангажирани во одржувањето на највисокото ниво на хигиената и чистотата на дворовите и непосредната околина на образовните институции, како и споменикот на природата „Кањон Матка“, којшто минатата година го преземавме под наша ингеренција – изјави директорот на ЈП „Комунална хигиена“, Абдусамед Шабани.