Гевгелија со мост преку Сува Река сообраќајно ќе се поврзе со Грција

123

Советниците на општина Гевгелија одобрија да почне изработката на техничката документација за сообраќајно поврзување на Гевгелија со Грција во рамки на проектот на УНДП за градење општински капацитети.

Со проектот што ќе се реализира преку Центарот за развој на
југоисточниот плански регион, предвидено е преку улицата „Борис
Кидрич“ долга 1211 метри, која ќе се гради со широчина од 9 метри и
тротоари од по три метри, до изградениот мост на Сува Река градот
Гевгелија, а со тоа и општината, да се поврзе со државната граница на
Грција.

– Проектот е продолжување на иницијативата на општина Гевгелија и општина Пеонија за отворање регионален граничен премин кај Идомени, за локален патнички сообраќај. Иницијативата е актуелна во време на пандемијата од корона вирусот и претставува потреба од воспоставување малограничен проток на граѓаните од двете страни на границата – велат од општина Гевгелија.

И мостот на Сува Река, кој е изграден со средства од ЕУ, е наменет токму за реализација на оваа иницијатива.