Гевгелија и Валандово ги подобруваат условите за работа во индустриските зони

122

Веднаш откако премиерот Зоран Заев најави дека во општина Гевгелија се утврдени најмалку 10 нови турски инвестиции во зоната на коридорот 10, локалната самоуправа најави дека експресно почнува со подготовка на индустриската зона „Прдејци“.

– Во оваа индустриска зона, која е лоцирана на само стотина метри од автопатот „Пријателство“ веќе стартувавме со изградба на комуналната инфраструктура и довод на електрична енергија,а паралелно со тие активности се изработува и студија за оправданост и нејзино ставање во функција како модел за привлекување, покрај странските и на домашни инвестиции кои ќе претставуваат постпандемиски поттик за развојот на локалната економија во општина Гевгелија -изјави градоначалникот на Општина Гевгелија, Сашо Поцков. 

Oд Општина Валандово потврдија дека е при крај со процесот за создавање нова индустриска зона наменета за стопански објекти кои ќе се занимаваат исклучиво со производство, преработка, откуп и складирање на земјоделски производи.