Во Министерството за надворешни работи во Скопје, Н.Е. амбасадорот на Малезија во Будимпешта, Франциско Мунис, ѝ ја предаде нотата од Малезиската влада на  Цеца Илиева, стопанственик, сопственичка на фирми во Гевгелија, со која таа се назначува за почесен конзул на оваа земја во Република Македонија. Свеченото отворање на конзулатот е предвидено за месец март во Гевгелија.

„Ова е голема чест не само  за мене, туку и за Република Македонија, како и за Општина Гевгелија, ни изјави Илиева кога ја побаравме за нејзин коментар. Амбасадорот, Франциско Мунис, ја препознал мојата енергија и менаџирање со нашите фирми во Гевгелија, па на негово инсистирање, седиштето на конзулатот ќе биде токму во нашата општина Гевгелија. Мислам, дека ова ќе биде одлична можност, за започнување  на една поинтензивна економската соработка помеѓу двете земји, вели за весникот ВЕЧЕР, Илиева.

 

Во Министерството за надворешни работи во Скопје, Н.Е. Амбасадорот на Малезија во Будимпешта, Франциско Мунис, ѝ ја предаде нотата од малезиската влада на Цеца Илиева, стопанственик, сопственичка на фирми во Гевгелија, со која таа се назначува за почесен конзул на оваа земја во Република Македонија.

„Ова е голема чест не само  за мене, туку и за Република Македонија, како и за Општина Гевгелија, ни изјави Илиева кога ја побаравме за нејзин коментар. Од порано имавме воспоставено комуникација, заедно со мојот сега веќе покоен сопруг Пејчо Илиев, со амбасадорот од Малезија во Будимпешта и со некои стопанственици од оваа земја. Амбасадорот Франциско Мунис ја препознал мојата енергија и менаџирање со нашите фирми во Гевгелија, па на негово инсистирање, седиштето на конзулатот ќе биде токму во нашата општина Гевгелија. Мислам, дека ова ќе биде одлична можност за започнување на една поинтензивна економската соработка помеѓу Македонија и Малезија, од која корист ќе имаат и двете земји, вели за весникот ВЕЧЕР, Илиева.

„Во моментот, вели Илиева, документите за моето назначување за почесен конзул се на потпис во нашето Министерство за надворешни работи, додека свеченото отворање на конзулатот е предвидено за месец март во Гевгелија.“

За читателите да кажеме дека Малезија е југоисточна азиска земја која зафаќа делови од Малајскиот Полуостров и островот Борнео. Позната  е по плажите,  шумите и мешавината на малајски, кинески, индиски и европски културни влијанија. Главниот град Куала Лумпур е дом на колонијални згради, прометни трговски области како Букит Бинтанг и облакодери како што се познатите, високи 451 метри, кулите близначки „Петронас“, високи 451 метар.

Без разлика дали го сакате раздвижениот градски живот на Куала Лумпур или сакате да се одморите во прекрасни природни пејзажи, Малезија е одлично место за живеење, луѓето се пријателски расположени, храната е феноменална, културата е богата, а плажите прекрасни.

Инаку, економијата на Малезија е трета по големина во Југоисточна Азија и 34. по големина во светот во однос на БДП. Земјата е еден од најголемите светски производители на гума и калај и една  од врвните извозници на природна гума и палмино масло, кои заедно со дрвото и производите од дрво, какаото, биберот, ананасот и тутунот доминираат во растот на овој сектор.

„Во последните децении, економијата на Малезија премина од економија базирана главно на производство и извоз на суровини, во типично индустриска економија, која се карактеризира со важно производство на електронски компоненти. Индустријата за  електроника и мобилни уреди е водечки сектор во Малезија, а она што може да биде од голема важност за економските односи меѓу Македонија и Малезија, потенцира Цеца Илиева, е фактот што таа е главен центар за производство на соларна опрема. Од друга страна, Малезија е заинтересирана за увоз на овошје и зеленчук од Македонија.“, вели за весникот ВЕЧЕР, Илиева.

Љ.Алексовски