Гевгеличани се против отворање погон за преработка на индустриски и комунален отпад

113

Граѓанското здружение „Спас за Гевгелија“ денеска преку соопштение ги повика гевгеличани масовно да излезат на денешниот граѓански протестен собир против отворање на погон за преработка на индустриски и комунален отпад во Гевгелија и против продолжување на геолошките истражувања за злато на планината Кожуф, објави МИА.

Протестниот собир е закажан за утре во 10 часот пред зградата на гевгелиското Собрание, поточно во термин пред одржување на седницата на Советот на Општина Гевгелија кој треба да даде мислење по повторно поднесените барања од две странски компании (ПиП и Минерал Резервоарс) со седишта во Скопје за добивање концесија за работа.

– Ги повикуваме сите наши сограѓани масовно да излезат на протестот и заедно да испратиме јасна и гласна порака преработка на ѓубре од Италија да си прават во Италија и рудници за злато да си отвораат во Канада, оти Гевгелија била, е и ќе биде град на природата- се вели во соопштението потпишано од Ангел Наков, претседател на граѓанското здружение „Спас за Гевгелија“.

Од здружението велат дека со протестниот собир сакаат да им дадат подршка на општинските советници кои еднаш дадоа негативно мислење по овие прашања, денеска повторно да кажат големо „не“ за повторните барања на компаниите од Италија и Канада.