Грозоморен чин пред породилиште во Приштина:Трудница застрелана со повеќе куршуми

228
Трудница (35) во средата попладнето е убиена од огнено оружје пред Клиничкиот центар во Приштина, каде што требало да се породи.
Приштискиот медиуми наведуваат дека убиената жена лежела на Гинеколошката клиника и чекала да се породи. Таа излегла во дворот да купи нешто, а во неа пукал маж кој седел пред породилиштето.

„Осомничениот прво пукал во жртвата со куршум, а откако паднала, продолжил да пука неколку куршуми во неа“, изјавил извор за приштинска „Коха“.

„Во унивезитетско-клиничкиот центар во Косово потврдуваат дека вечерва околу 18 часот во дворот дошло до смртен случај. Полициските органи веднаш излегле на местото на настанот, а првите сомнежи на полицијата се дека станува збор за убиство.

Полицијата е во координација со државниот обвинител покрена увид и продолжува со преземање на потребните истражни акции со цел за целосно расветлување на инцидентот. Останатите детали ќе ги дадат надлежните органи кои ја спроведуваат истрагата“, соопшти Клиничкиот центар во Косово на Фејсбук.

Портпаролката на косовската полициај Флора Ахмети изјави за „Коха“ дека жртвата имала 35 години.

„Околку 18 часот добивме информација за мртво тело во дворот на Клиничкиот центар во Приштина. Полицијата веднаш излезе на местото на настанот, како и лекарска екипа која ја констатирала смртта на жената стара 35 години. На основа на првичните информации, станува збор за убиство“, наведуваат од полицијата.

Жената била во 41. недела од бременоста и чекала да се породи.