Гвардиола ќе плива во пари

160

Сопствениците на Манчестер Сити ќе му понудат на Пеп Гвардиоала договор на пет години во текот на кој би заработил 100 милиони фунти, односно 20 милиони фунти годишно, пишува „Сан“.

Каталонскиот тренер оваа сезона во Англија ги освои сите можни трофеи, па затоа арапските сопственици на Сити одлучија да му дадат „понуда што не се одбива“.

Гвардиола досега на „Итихат“ годишно заработуваше по 15 милиони фунти, но шеиците одлучиле да му додадат уште пет милиони фунти бонус како награда за сите освоени трофеии.

„Граѓаните“ се уверени дека нивниот тренер е најдобриот во светот, па сакаат да го врзат за себе што е можно подолго.