Гаљардо во тренерското столче

63

Сопствениците на актуелниот шампион на Франција, тимот на ПСЖ, сакаат во новата сезона нивниот клуб да биде предводен од трофејниот тренер на аргентинскиот гигант Ривер Плејт, Марсело Гаљардо.

Челниците на ПСЖ не кријат дека не се премногу импресионирани од работата на германскиот стручњак Томас Тухел, кој само под еден услов ќе остане на „Паркот на принцовите“, а тоа е неговиот тим да го освои пехарот во најпрестижното клупско натпреварување, Лигата на шампиони. Француските медиуми открија дека ПСЖ веќе има остварено контакт со аргентинскиот стручњак.