Гатузо лобира за Вертонген

90

Белгискиот интернационалец од редовите на лондонскиот премиерлигаш Тотенхем, Јан Вертонген, е најновата желба на новиот предводник на италијанскиот калчолигаш Наполи, Џенаро Гатузо.

Централниот дефанзивец на крајот од актуелната сезона ќе има статус на слободен играч и поради таквата ситуација челниците на Тотенхем сакаат да се ослободат од неговите услуги до крајот на зимскиот преоден рок. Неофицијално, „азурите“ се подготвени да одвојат околу 10 мил. евра за неговото обештетување.