Гаспром продолжува да ја снабдува Европа со гас преку Украина

96

Рускиот нафтен гигант „Гаспром“ денеска најави дека ќе продолжи да ја снабдува Европа со гас преку Украина, преку граничниот премин Суџа.

Преку таа влезна точка, во Украина денеска ќе поминат 44,7 милиони кубни метри, што е мало намалување во однос на вчера, кога изнесуваше 45,9.

„Гаспром“ додаде дека Киев го одбил нивното барање за пренос на гас преку главната станица Сохрановка.