Шпанскиот кошаркар Марк Гасол (35) и најдобриoт шести играч во лигата, Монтрезл Харел се нови членови на НБА-шампионот Лос Анџелес Лејкерс. Гасол ја освои титулата со Торонто пред две години и се смета дека е еден од најдобрите дефанзивни играчи во НБА. Тој помина дури 10 и пол сезони во Мемфис, а минатата сезона имаше просек од 7.5 поени и 6.3 скока. Гасол беше избран од Лејкерс во драфтот во 2007 година, но подоцна беше испратен во Мемфис во замена за неговиот постар брат Пау.

Харел (26) пак, доаѓа од Клиперс каде во кариерата имаше просек од 18.6 поени и 7.1 скок.