Најдобриот шпански кошаркар, Пау Гасол, поради повреда нема да игра на Светското првенство во Кина, потврди селекторот на шпанската репрезентација, Серџо Скариоло. Центарот на Милвоки претрпел скршеница на коската на стапалото и нема да успее да се рехабилитира до крајот на август, кога стартува Мундијалот.

  • Гасол е многу поврзан со нас и неговото отсуство ќе биде голем хендикеп. Тој е лидер, играч со многу успех. После многу години поминати на големите натпреварување ќе бидеме без него и Хуан Карлос Наваро, истакна Скариоло за шпанскиот весник „АС“.