Гардероба во боја на лаванда: Лежерна и во тренд!

91

Секоја сезона наметнува нов и различен тренд во однос на гардеробата, актуелна боја и крој кој се карактеристични за одреден период.

Ова лето ќе го одбележат алишта со едноставен крој во боја на лаванда.

Оваа боја истовремено е женствена, нежна и суптилна, а нејзина предност е што лесно можете да ја вклопите и во лежерен и во формален изглед. Приликата ќе ви диктира дали ќе одберете фустанче или костум, а со бојата на лаванда секако при изборот нема да погрешите.