Ганка Цветанова и Сашко Кедев го развеаја македонското знаме во Аргентина

139

Македонското знаме се вееше на вториот највисок планински врв во светот. Аконкагва, највисокиот врв во Аргентина, највисок надвор од Азија, го освоија познатиот доктор Сашко Кедев и поранешната министерка за култура Ганка Цветанова, коишто на „Фејсбук“ објавија фотографии од нивниот подвиг.

 

Станува збор за највисокиот врв во западната и јужна хемисфера. Се наоѓа на планинскиот венец Анди, на територијата на денешна Аргентина во близина со чилеанската граница, односно на 15 километри од самата граница.

Екслкузивните фотографии од нивниот подвиг се објавени на „Фејсбук“.