Освен по елиминацијата на македонскиот претставник во првото квалификациско коло од Лига Европа, реванш пресметката помеѓу екипите на Шкупи и Пјуник ќе биде запаметена и по тензичната атмосфера во финишот од натпреварот која ескалираше откако домшниот фудбалер Сержињо доби директен црвен картон.

Најверните фанови на Шкупи, револтирани од судиската одлука, почнаа да фрлаат со секакви предмети кон противничките фудбалери, а на зелениот терен можеа да се забележат шишиња, запалки…

ФОТО: П.Стојановски