Македонската фудбалска репрезентација ги почна подготовките за Европското првенство, кое ќе се одржи од 11 јуни до 11 јули. На првиот тренинг го немаше Енис Барди, кој беше позитивен на коронавирусот и е во изолација.

Подоцна, поточно на 31. мај ќе се приклучат и капитенот Горан Пандев, како и Аријан Адеми и Столе Димитриевски.

Историскиот прв натпревар на Европските првенства „црвено-жолтите“ ќе го одиграат на 13. јуни на Националната арена во Букурешт против Австрија.

Фото: П.Стојановски